Во време кога патувањето не е само бегство, туку потрага посмисла, автентичност и искуство, приоритетите насовремениот турист, без разлика дали е домашен илистрански турист, најлесто се слични: чиста, недопрена природа, автентична храна, културно наследство, безбедности топло, човечко гостопримство. За странските туристи Македонија не е само нова дестинација, туку и нов начин на гледање на работите, нова животна филозофија која ги буди сите сетила, и создаваспомени вредни за споделување. Луѓето од другите земји, доаѓајќи од урбани средини, бараат допир со нешто вистинско како што е некоја стара црква што мириса натемјан, некоја бабичка што нуди наша, македонска ракија и домашно сирење, езеро што не е “затруено” од комерцијалнагласност. Тие сакаат приказна. А Македонија има илјадници. Странските туристи сакаат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Од локалното население не очекуваат глума илипреправање, не очекуваат да бидат нешто што не се. Сакаатобични работи, лични доживувања и тоа знаат да го ценат. Сакаат свежа, убава и оригинална храна приготвена натрадиционален начин, сакаат да ги посетат македонскитевинарници, да видат изворно како се произведува вино, какосе произведува сирење… уникатно туристичко искуство. Сакаат нешто што го немаат во нивните матични земји. Тиене преферираат луксузни хотели и ресторани, тукуавтентично семејно доживување. Сакаат да ја доживеатлокалната култура, да видат како размислуваат луѓето одовој дел од Европа. Домашните туристи, пак, одамна не се туристи по зоштомораат да останат тука, тука доаѓаат по избор. Бараатудобност, пристапност, квалитет. Сакаат да ја запознаатсвојата земја одново, да се искачат на врвот на ШарПланина, да прошетаат низ Вевчани, да испијат кафе наскопскиот кеј. Но сакаат и достапни цени, уреденисместувања, инфраструктура што не ги разочарува. Имаме одлични можности – езера, планини, зимскиспортови, археолошки локалитети, вински туризам.Туристичката индустрија може да биде главен економскидвигател за зголемување на приходите во економијата, да отвори нови илјадници работни места, да ја развиеинфраструктурата. Туризмот не е луксуз. Тој е мост меѓу култури, меѓугенерации, меѓу минатото и иднината. И ако сакаме Македонија да биде дел од светот, треба прво да ја покажеме на светот преку прозорецот на нејзинатаавтентична убавина. Не глумејќи што не сме, туку гордопокажувајќи што сме. Затоа, иднината на туризмот кај нас мора да се гради врзнеколку клучни приоритети: 1. Одржливост, затоа што природата не е бескраен ресурс. Туризмот мора да ја чува, а не да ја уништува. 2.Инфраструктура, која значи не само патишта, туку и дигитална поврзаност, обележани патеки, информативницентри, достапност за сите. 3.Локална вклученост, бидејќи без мештаните, немавистинско искуство. А тие мора да имаат корист одтуристите, не само товар. 4.Промоција што има душа, каде што не се нудат само”места” туку и приказна. Скопје не е само Камениот мост, туку град на контрасти. Охрид не е само езеро, туку вечнатајна. Влатко Сулев е Генерален менаџер на Balkan Prime Tours, компанија која организира тури во Македонија и на балканот за странски туристи од 2007 година. Благодарениена оваа компанија илјадници странски туристи изминативегодини ја имаат посетено Македонија, што ги правивистински промотери и амбасадори на нашата земја и Балканот. Компанијата има своја канцеларија во Скопје, нои во Софија, Подгорица и Тирана, соработува со огроменброј на хотели, ресторани и семејни туристички работнициод регионот, за да креира автентични туристички понудиспоред желбите на туристите.
The post Влатко Сулев: Што очекуваат да доживеат странските туристи во Македонија? appeared first on Expres.mk.