Опожарени магацини во Охрид, огнот се шири кон куќите
Пожар зафати магацини во Охрид, а огнот се шири кон куќите, соопшти Центарот за управување со кризи. „Пријава за пожар кај магацините на Улица 1-ва Македонска Ударна Бригада, 33, Охрид , пожарот се шири кон куќите“, соопштија од ЦУК. Од таму велат дека веднаш се известени охридските пожарникари.
7/15/2026 11:48:58 AM